МК | SHQ | EN
 
СОВЕТ НА ОПШТИНАТА

Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината. За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Составот и начинот на изборот на членовите на комисиите се уредуваат со статутот. Составот на соодветствува на пропорционалната застапеност на политичките партии во советот.
Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Изборот на членовите на советот се уредува со закон. Членовите на советот се избираат за време од четири години, ги претставуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување. Членот на советот не може да биде отповикан.
Советот на општината:

- Го донесува статутот на општината и други прописи.

- Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината.

- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон.

- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа.

- Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа.

- Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината.

- Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината.

- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон.

- Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината.

- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината.

- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон.

- Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон.

- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител.

- Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.

- Врши и други работи утврдени со закон.

Доколку советот не ги усвои извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината, како и извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.
Раководното лице кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината се смета за избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.



Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic