МК | SHQ | EN
 

ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

Органите на државната управа, како дел од извршната власт, се основаат во областите и подрачјата кои се од значење за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица. Своите надлежности, органите на државната управа, кои што се утврдени врз основа на закон ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност,ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.

Министерствата, како органи на државната управа, се основаат за вршење на функциите на државната управа групирани по обчасти за еден или повеќе сродни управни ресори. Органите пак во состав на министерствата можат да се основаат за вршење на определени управни, стручни и други работи од надлежност на соодветното министерство.

Органите на државната управа постапувајќи во рамките на своите надлежности во согласност со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори:

  • Ја спроведуваат политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието на Република Македонија и прописите на Владата на Република Македонија.
  • Одговорни се за извршување на законите и другите прописи.
  • Ги извршуваат насоките и ставовите на Владата на Република Македонија за работата на органите на државната управа.
  • Ја следат и се одговорни за состојбата во областите за кои се основани.
  • Даваат иницијатива за решавање на прашањата во областите за кои се основани.
  • Решаваат во управни работи.
  • Вршат надзор над законитоста на актите и работењето на трговските друштва, установите и другите правни лица кога за тоа се овластени со закон.
  • Вршат управен и инспекциски надзор и други управни работи кога за тоа се овластени со закон.
  • Ги подготвуваат предлозите на законите чиј овластен предлагач е Владата на Република Македонија.
  • Ги подготвуваат прописите што ги донесува Владата на Република Македонија.
  • Вршат и други работи утврдени со Уставот и со закон.
Со закон може на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да им се довери извршување на определени работи од надлежноста на органите на државната управа.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерстовото за локална самоуправа како орган на државната управа е надлежно и ги врши работите што се однесуваат на :

  • Следење на развојот и предлагање на мерки за унапредување на локалната самоуправа.
  • Следење на состојбата за територијална поделба и развивање стандарди за големината, населението и потребите на единиците на локалната самоуправа.
  • Предлагањето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој и за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја.
  • Спроведување на законот за рамномерен регионален развој.
  • Врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за локална самоуправа се:

  • Државниот инспекторат за локална самоуправа.
  • Бирото за рамномерен региионален развој со својство на правно лице.




Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic