МК | SHQ | EN
 
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

П: Кој државен орган е надлежен за вршење на надзор над законитоста на прописите на општината и надзор над постапката за донесување на прописите на општината?
О: Надлежен орган е Државниот инспекторат за локална самоуправа.

П: Каков статус има Државниот инспекторат за локална самоуправа?
О: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган во состав на Министерството за локална самоуправа без статус на правно лице.

П: Кој раководи со Државниот инспекторат за локална самоуправа?
О: Со Државниот инспекторат за локална самоуправа раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија.

П: Какви видови на инспекциски надзор спроведува Државниот инспекторат за локална самоуправа?
О: Инспекцискиот надзор може да биде:
- Редовен инспекциски надзор;
- Вонреден инспекциски надзор; и
- Контролен инспекциски надзор.

П: Дали лицето кое учествувало во постапката за надзор има право да одбие да го потпише записникот за извршениот инспекциски надзор?
О: Да, лицето кое учествувало во постапката за надзор има право да одбие да го потпише записникот за извршениот инспекциски надзор и инспекторот тоа ќе го забележи и ќе ги наведе причините за одбивањето.

П: Кој и во кој рок има право да даде приговор на записникот за извршениот инспекциски надозр?
О: Градоначалникот и претседателот на советот на општината или овластеното лице имаат право да дадат приговор на записникот за извршениот инспекциски надзор во рок од осум дена од приемот на записникот.

П: Кој орган донесува решение за запирање на примена на пропис на општината?
О: Државниот инспекторат за локална самоуправа донесува решение за запирање на примена на пропис на општината доколку при вршењето на инспексискиот надзор утврди дека постојат услови за запирање на примената на прописот.

П: Во кој рој Државниот инспекторат за локална самоуправа донесува решение за запирање на примена на пропис?
О: Решение за запирање на примена на пропис Државниот инспекторат за локална самоуправа донесува во рок од 45 дена од денот на доставување на прописот.

П: Дали е дозволена жалба против решението за запирање на примена на пропис донесено од Државниот инспекторат за локална самоуправа?
О: Да, дозволена е жалба до министерот за локална самоуправа во рок од три дена од приемот на решението. Притоа, жалбата не го одлага извршувањето на решението.

П: Кој има право да поднесе иницијатива до Државниот инспекторат за локална самоуправа за вршење на инспекциски надзор?
О: Органите за државната управа, здруженија на граѓани и други правни и физички лица можат да поднесат иницијативи во форма на известувања, предлози и претставки.

П: Дали и во кој рок Државниот инспекторат за локална самоуправа го известува поднесителот на иницијативата за преземените мерка во врска со иницијативата?
О: За преземените мерки по поднесента иницијатива, Државниот инспекторат за локална самоуправа е должен да го извести подноситлот на иницијативата во рок од 30 дена од поднесувањето на иницијативата.



Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic