МК | SHQ | EN
 

Новости и соопштенија


Известување


Соопштение во врска со веб платформата dajpredlog.mk

ВЕБ ПЛАТФОРМА ДАЈ ПРЕДЛОГ (www.dajpredlog.mk 0800 11185)

 

 

Почитувани,

Министерството за локална самоуправа и Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во Скопје (УНДП), подготвија проект „Инцијатива за децентрализација низ одговор на граѓаните“ кој беше оценет со највисоки оценки и го освои првото место на конкурсот на УНДП во конкуренција на проекти од сите земји во југоисточна  Европа, и воедно веднаш беше одобрен за финансирање. Како резултат на овој проект во Министерството за локална самоуправава воведен е систем со бесплатен отворен телефон за граѓаните 0800 11185 и веб платформа за поддршка www.dajpredlog.mk , кој систем овозможува граѓаните да известат  за определни проблеми со носењето на одлуки на општинските совети а ние како надлежни институции да се фокусираме кон решавање на истите согласно нашите надлежности. Истовремено системот овозможува вкрстување на информациите кои ќе ги достават граѓаните. Преку функционирањето на овој систем, Министерството за локална самоуправа добива директни и навремени информации од граѓаните и на тој начин реагира на појави поврзани со недоследно спороведување на со закон утврдени процедури од страна на локалните власти како и недоволно ефикасна испорака на критичните локални услуги.

Од официјалната промоција (18.11.2012) па до денес задоволство ни е да Ве известиме дека граѓаните масовно ја искористија оваа нова можност и почнаа да комуницираат преку оваа алатка со Министерството за локална самоуправа и  Државниот инспекторат за локална самоуправа. Како резултат на тоа: заклучно со 03.01.2013 на интернет страната се пристигнати вкупно 52 предлога (вклучително и еден предлог кој е ставен од страна на администраторот како пример), од кои само 4 се во надлежност на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Останатите 48 предлози генерално се проблеми од урбанистички, инфраструктурен, комунален и културен аспект и не се работи за донесени одлуки од страна на Советите во општините, туку за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во самите општини. Надлежноста за постапување по овие предлози е во самите општини. Во овие предлози се вметнати и телефонските јавувања од страна на граѓаните на бесплатниот телефонски број. Според податоците со кои располага администраторот на веб страната почнувајќи од 19.11.2012  па заклучно со 03.01.2013, интернет платформата dajpredlog.mk е прегледана повеќе од 3800 пати . Изразено во проценти 77,92 % се нови корисници на интернет платформата, додека 22,08% се постојани корисници. Интернетот сајтот е посетен од 35 различни земји меѓу кои се Германија, САД, Италија, Словенија, Велика Британија, Холандија, Словачка, Украина, Швајцарија, Србија, Австралија и други. Разбирливо, најголемиот број на посети се од Република Македонија. Од градовите во Република Македонија најчести корисници се жителите на Градот Скопје, а по него следат Штип, Битола, Гевгелија, Делчево, Кратово, Крива Паланка и други.

Најголемиот број на посети се направени преку персонален компјутер, додека преку Андроид и Симбиан оперативните системи кои се користат на мобилните телефони се направени над 45 посети.

 Во иднина ги насочуваме граѓаните почесто да го користат делот од веб страната кој се однесува на разговор на тема и да дискутираат на темите кои ги засегаат во нивното секојдневие.

            На крајот уште еднаш се заблагодаруваме на УНДП за целокупната помош, поддршка и соработка при реализацијата на овој проект. Сметаме дека заеднички поставивме темел на еден нов и модерен начин на комуникација помеѓу институција и граѓаните што секако во иднина имаме задача да го направиме подостапен и се разбира оддржлив.

 

Со почит,

 

                                            Министерство за локална самоуправа

  





Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic