МК | SHQ | EN
 

Новости и соопштенија


Известување


Почитувани,

Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа со задоволство Ве известуваат дека заклучно со 03.12.2012 година сајтот www.dajpredlog.mk е прегледан околу 2000 пати. Изразено во проценти 73.72 % се нови корисници на веб платформата додека 26.28 % се постојани корисници.

Интернет сајтот е посетен од 10 различни земји и тоа од: Република Македонија, САД, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Словенија и други.

Најголемиот број од посетите се направени од персонален компјутер додека преку Андроид и Симбиан оперативните системи кои се користат на мобилните телефони се направени над 20 посети.   

Во однос на предлозите, заклучно со горенаведениот датум се пристигнати вкупно 31 предлог од кои само 4 предлози се во надлежност на Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа. Останантите 27 се генерално во надлежност на самите општини и се работи за предлози со кои би се подобрил животот на граѓаните во општините и кои не се базирани врз основа на донесени одлуки од страна на советите во општините.

Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа ги охрабрува граѓаните и во иднина да ја посетуваат интернет платформата www.dajpredlog.mk како и бесплатниот телефонски број 0800 11185, а со тоа и да ја користат можноста за директно комуницирање со институциите во насока на успешно спроведување на процесот на децентрализација. 





Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic