МК | SHQ | EN
 

Новости и соопштенија


ПРОМОВИРАНА ВЕБ ПЛАТФОРМАТА - ДАЈ ПРЕДЛОГ


Веб платформата - Дај предлог и бесплатниот телефонски број 0800 11185 вчера (18.11.2012) беа официјално промовирани и ставени на располагање за потребите на граѓаните. На промоцијата присуствуваа Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, г-дин Сашо Стефаноски, Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г-дин Ванчо Шехтански како и претставникот на УНДП, г-дин Тони Поповски. 

-Вклучувањето на граѓаните во овие процеси е од исклучително значење во поглед на граѓанскиот придонес за унапредување на процесот на децентрализација, нивно влијание во донесување на одлуките на локално ниво, како и унапредување на локалната демократија. Директниот контакт на граѓаните е најдобар начин за постигнување на поставените цели и очекуваните резултати, посочи Стефаноски

Веб порталот и отворената телефонска линија, како што посочи Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, г-дин Сашо Стефаноски ќе овозможи поголема директна комуникација со граѓаните за поуспешен процес на децентрализација. 

Тој додаде дека очекуваат придобивките на овој проект да бидат значајни, но се очекува и преку функционирањето на овој систем, Министерството и Инспекторатот да бидат во постојана комуникација со граѓаните и да обезбедат навремена реакција при евентуалнокршење на законитоста од локалните власти, додавајќи дека овој проект претставува најдоброрангиран проект во конкуренција на 40 проекти од Југоисточна Европа што дава потврда на оправданоста на оваа идеја.

Институционалната посветеност на процесот на децентрализација е видлив не само преку континуираната заложба на Министерството за локална самоуправа и Владата на Република Македонија за трансфер на надлежности туку и преку официјалните програми за работа кои се од суштинско значење за ефикасно и ефективно спроведување на процесот на децентрализација. Во тој контекст Министерството за локална самоуправа во изминатиот период ги усвои следниве програмски и оперативни документи: Програма за спроведување на процесот на децентрализација Акционен план за спроведување на процесот на децентрализација и Методологијата за следење на акциониот план за програмата за децентрализација, заклучи Стефаноски. 

Според Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, за прв пат во Република Македонија преку веб-платформата граѓаните ќе имаат можност да ја проверат законитоста при носење на определена одлука од страна на општинскиот совет и до инспекторатот да достават предлог за проверка на определена одлука. 

- Ги охрабрувам граѓаните да ни испраќаат предлози за започнување постапки, а воедно ги уверувам дека како досега така и одсега Државниот инспекторат за локална самоуправа кон претставките ќе се однесува сериозно и ќе постапи во согласност со своите законски надлежности, рече Шехтански.








Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic