МК | SHQ | EN
 

Новости и соопштенија


ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА ВЕБ ПОРТАЛОТ WWW.DAJPREDLOG.MK


ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА ВЕБ ПОРТАЛОТ WWW.DAJPREDLOG.MK

Почитувани,



Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека на ден 18.11.2012 година (недела) во хотел Холидеј Ин во Скопје во 12:00 часот, ќе се оддржи официјална промоција на веб порталот www.dajpredlog.mk и бесплатниот телефонски број 080011185. Овој систем овозможува граѓаните директно да го известуваат Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локална самоуправа за определени проблеми со носењето на одлуки на општинските совети а ние како надлежни институции да се фокусираме кон решавање на истите согласно нашите надлежности. Истовремено системот овозможува вкрстување на информациите кои ќе ги достават граѓаните со оние информации со кои ние како надлежни институции располагаме. На промоцијата ќе присуствуваат Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, г-дин Сашо Стефаноски, Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа г-дин Ванчо Шехтански и претставникот на УНДП, г-дин Тони Поповски.





Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic