МК | SHQ | EN
 

Новости и соопштенија


Дводневни обуки за општинската администрација


СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПЕТ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ ЗА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Државниот инспекторат за локална самоуправа при Министерството за локална самоуправа во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира пет дводневни работилници во рамки на проектот "Промовирање на принципите на добро владеење во согласност со одредбите на Охридскиот рамковен договор" за сите единици на локалната самоуправа.


За спроведување на дел од претходно споменатиот проект, Министерството за локална самоуправа и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија во месец септември 2012 година потпишаа Меморандум за соработка.


Меморандумот за соработка е плод на досегашните искуства на Државниот инспекторат за локална самоуправа во текот на спроведувањето на инспекцискиот надзор над законитоста на прописите на општините.


Целта на работилницата е да се зајакнат капацитетите на вработените во локалната администрација кои учествуваат во подготовката на општинските акти кои се предмет на одобрување од страна на Советите на општините. Работилниците започнаа да се спроведуваат на 5 ноември 2012 година во Берово, и предвидено е најдоцна до првата половина на месец декември 2012 година да се одржат работилници и во Охрид, Струга, Гевгелија и Битола.





Loading





СЛЕДЕТЕ НЕ НА
Facebook   Twitter
РАЗГОВОР НА ТЕМА     |     ЛИНКОВИ     |     НПП     |     АНКЕТИ    
© Copyright 2012 | Министерство за локална самоуправа | Сите права задржани| Powered by EntireLogic